• петок, 22 ноември 2024

Сунак и Фон дер Лајен: Договорот за Северна Ирска е ново поглавје во односите ЕУ-Велика Британија

Сунак и Фон дер Лајен: Договорот за Северна Ирска е ново поглавје во односите ЕУ-Велика Британија

Лондон, 27 февруари 2023 (МИА) -  Британскиот премиер Риши Сунак и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска, по постигнувањето на „историски“ договор за трговскиот аранжман во Северна Ирска, оценија дека тој претставува „ново поглавје“ во односите Лондон-Брисел.

Сунак и Фон дер Лајен истакнаа дека веруваат дека предлозите ќе бидат „долгорочни решенија“ и дека тоа е „ново поглавје во односите“ меѓу Брисел и Лондон.

На почетокот на прес-конференцијата во Виндзор, по која договорот го доби името „Виндзорски нацрт“, Сунак рече дека договорот е постигнат по преговори кои не биле лесни, но кои ќе овозможат „непречена трговија“ преку Ирското Море, меѓу Северна Ирска и остатокот од Обединетото Кралство.

Нацрт-договорот, меѓу другото, предвидува „зелена“ и „црвена“ линија со различни степени на регулација, во зависност од тоа дали крајната дестинација е Европската Унија.

Сунак рече дека Стормонт, Парламентот на Северна Ирска во Белфаст, ќе има поголем суверенитет при одлучувањето за примената на европските правила на своја територија.

Фон дер Лејен посочи дека договорот ќе овозможи истите прехранбени производи и лекови да бидат на полиците во Северна Ирска и во остатокот од Обединетото Кралство.

Договорот предвидува помала бирократија и споделување информации во реално време, рече Фон дер Лајен.

Договорот „ги штити нашите пазари и легитимни интереси и тешко стекнатиот мир постигнат со Договорот од Велики петок“ од 1998 година“, рече претседателката на ЕК, мислејќи на договорот што стави крај на конфликтите меѓу унионистите и републиканците во тој дел на Обединетото Кралство. ссм/

фото:ЕПА

Остани поврзан