• петок, 15 ноември 2024

Суки Вотерхаус и Роберт Патинсон станаа родители

Суки Вотерхаус и Роберт Патинсон станаа родители

Лос Анџелес, 26 март 2024 (МИА) - Глумицата и модел, Суки Вотерхаус и нејзиниот свршеник Роберт Патинсон го добија своето прво дете. Парот е сликан од папараци при лежерна прошетка низ Лос Анџелес, додека глумецот турка светло-розова бебешка количка, па официјално непотврдените наводи говорат дека двојката има ќерка.

Инаку, Суки и Роберт не споделуваат премногу со јавноста за нивната врска. Сепак, пред само неколку недели, новопечената мајка сè уште го имаше трудничкиот стомак. 

Глумците се во врска нешто повеќе од пет години. На крајот на минатата година западните медиуми објавија дека тие се свршиле откако Суки била фотографирана со дијамантски прстен на раката.  си/мс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан