• петок, 22 ноември 2024

Суд во Лондон денеска ќе донесе одлука за екстрадиција на Асанж

Суд во Лондон денеска ќе донесе одлука за екстрадиција на Асанж

Лондон, 26 март 2024 (МИА) – Високиот суд во Лондон денеска ќе донесе одлука дали основачот на Викиликс Џулијан Асанж може да поднесе жалба на неговата екстрадиција во САД.

САД бараат екстрадиција на Асанж поради објавување тајни воени досиеја во 2010 и 2011 година, а Врховниот суд на Велика Британија одлучи дека Асанж треба да биде екстрадиран, отфрлајќи ги тврдењата дека тој би можел да изврши самоубиство во американски затвор поради лошо ментално здравје.

Асанж во САД е обвинет по 17 точки за шпионажа, а доколку биде прогласен за виновен, според неговите адвокати, може да се соочи со казна затвор до 175 години. Американските обвинители, сепак, тврдат дека казната нема да надмине 63 месеци.

Во 2010 година, порталот на Асанж „Викиликс“ објави видео од американската армија, на кое се гледаат десетици луѓе убиени во напад на хеликоптери Апачи во Багдад во 2007 година, меѓу кои и двајца новинари на Ројтерс. Оттогаш, Викиликс објави илјадници тајни доверливи документи и дипломатски извештаи во кои САД ги критикуваат светските лидери, од рускиот претседател Владимир Путин до членовите на саудиското кралско семејство. јт/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан