Судскиот совет попладне ќе ја одржи 498 седница
- Судскиот совет денеска ќе ја одржи 498. седница на чиј дневен ред е утврдување на престанок на судиска функција поради исполнување на услови за старосна пензија и констатирање на престанок на мандат на член на Судскиот совет поради истек на времето за кое е избран.
Скопје, 10 септември 2024 (МИА) - Судскиот совет денеска ќе ја одржи 498. седница на чиј дневен ред е утврдување на престанок на судиска функција поради исполнување на услови за старосна пензија и констатирање на престанок на мандат на член на Судскиот совет поради истек на времето за кое е избран.
На дневен ред на седницата се уште две точки - одлучување по известувања на комисии за утврдена фактичка состојба по поднесени барања за утврдување одговорност на судија/претседател на суд и формирање на комисии на известители по поднесени барања за утврдување одговорност на судија/претседател на суд. бак/
Фото: МИА архива