• сабота, 16 ноември 2024

Судири меѓу демонстранти и полиција пред ерменската влада во Ереван

Судири меѓу демонстранти и полиција пред ерменската влада во Ереван

Ереван, 19 септември 2023 (МИА) – Во ерменскиот главен град Ереван вечерва избувнаа судири меѓу полицијата која го обезбедува седиштето на ерменската влада и демонстрантите против премиерот Никол Пашињан.

Полицискиот кордон, кој бил гаѓан со шишиња, се спротивставил на толпата демонстранти кои се обиделе да упаднат во зградата. Полицијата употребила и шок бомби.

Демонстрантите претходно побараа оставка од премиерот Пашињан, критикувајќи го дека не успеал да го заштити Нагорно-Карабах. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан