• понеделник, 13 мај 2024

Суга: До 2050 во Јапонија нема да има штетни гасови

Суга: До 2050 во Јапонија нема да има штетни гасови
Токио, 26 октомври 2020 (МИА) – Јапонскиот премиер Јошихиде Суга денеска претстави план според кој земјата до 2050 година треба да ја постигне целта за нула емисии на штетни гасови кои се одговорни за глобалното затоплување. Претходната јапонска Влада постави цел да ги намали емисиите на штетни гасови за 80 проценти до 2050 година. - Треба да го смениме нашиот пристап, рече новиот јапонски премиер, презентирајќи го планот во својот прв говор пред Парламентот. Суга тврди дека структурните промени во индустријата и бизнисот ќе овозможат силен економски раст на Јапонија. Тој истакна дека Јапонија ќе се стреми да развие свои обновливи извори на енергија. јт/

Остани поврзан