• четврток, 21 ноември 2024

Студија: Загадувањето од шумските пожари во Калифорнија уби 52.000 луѓе за една деценија

Студија: Загадувањето од шумските пожари во Калифорнија уби 52.000 луѓе за една деценија

Лас Вегас, 7 јуни 2024 (МИА) - Загадувањето од шумските пожари во Калифорнија уби повеќе од 52.000 луѓе за една деценија, објавено е денеска во нова студија, додека западниот дел на САДе опфатен со високи темпаратури на воздухт што може да предизвика нови пожари, јавија американските медиуми.

Истражувачите велат дека честичките ослободени од пожарите имаат разурнувачки ефект врз локалното население што многу го надминува бројот на смртни случаи што директно им се припишуваат.

Студијата предводена од Рејчел Коноли од Универзитетот во Калифорнија во Лос Анџелес покажа дека тие ситни загадувачи во воздухот - познати како PM2.5 убиваат голем број луѓе.

Тимот ги разгледа податоците од 2008 до 2018 година и го изолираше количеството PM2,5 ослободено посебно од шумските пожари, наспроти она што го создаваат други извори, како транспортот и производството.

Тие открија дека најмалку 52.480 предвремени смртни случаи може да се припишат на ова специфично загадување. Трошоците за лекување на луѓето погодени од загадувачите беа пресметани на 432 милијарди долари, објавено е во Science Advances, списание на Американската асоцијација за унапредување на науката.

„Овие наоди имаат директни импликации за Калифорнија, држава во првите редови на развојот на климатската политика со многу региони подложни на пожари и разновидна популација за заштита“, додаваат тие.

Студијата доаѓа бидејќи голем дел од Калифорнија и другите делови на американскиот запад се зафатени од првиот топлотен бран оваа година.

Температурите до 49 Целзиусови степени „ја изгореа“ Долината на смртта во четвртокот, додека Лас Вегас вриеше под топлина од 43,9 степени Целзиусови.

Раниот летен топлотен бран ја зголеми загриженоста дека сезоната на пожари би можела да биде жестока во 2024 година по две релативно бенигни години, благодарение на влажните зими.

Калифорнија забележа алармантен број мегапожари овој век - 18 од 20-те најголеми пожари во историјата на државата се случиле во последните две децении. зш/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан