Студентски протест најавен за утре во Белград - „Индексот е посилен од пендрекот“
- „Се запира в понеделник. Се гледаме“, порачаа студентите.
Белград, 7 септември 2025 (МИА) - Студентите во блокада на Универзитетот во Белград најавија за в понеделник протест под мотото - „Индексот е посилен од пендрекот“.
„Се запира в понеделник. Се гледаме“, порачаа студентите.
На социјалните мрежи, студентите објавија дека протестот почнува во 14 часот.
Тие објавија и илустрација од планот на протестот - првата точка е зградата на Владата на Србија, потоа Палатата на правдата, зградата на Одделот за обезбедување одредени лица и објекти и на крај Одделот за внатрешна контрола на Министерството за внатрешни работи. зш/