• четврток, 26 март 2026

Студенти од ФИКТ при УКЛО Битола ќе бидат практиканти во МОН

Студенти од ФИКТ при УКЛО Битола ќе бидат практиканти во МОН

Битола, 26 мај 2025 (МИА) - Студенти од Факултетот за информатички и комуникациски технологии (ФИКТ) кои студираат на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола ќе бидат практиканти во Министерството за образование и наука (МОН).

Согласно потпишаниот меморандум за соработка, Министерството за образование и наука овозможува учество на студентите во унапредување на дигиталното работење и забрзување на дигитализацијата на образованието.

Од МОН денеска соопштија дека студенти на Факултетот за информатички и комуникациски технологии (ФИКТ) во Битола ќе бидат практиканти во министерството и ќе учествуваат во извршување на оперативните потреби на министерството, за што ќе имаат менторска поддршка. Ова искуство ќе им овозможи примена на знаењата во реални услови, со што ќе им се помогне во професионалниот развој и подготовката за кариера во ИТ индустријата. Исто така, студентите ќе бидат вклучени и во реализација на обуки за сајбер безбедност и примена на нови технологии, наменети за наставници и ученици.
Министерството за образование и наука претходно, меморандум за соработка склучи и со Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во Скопје. мт/цр

Фото: МИА архива

Остани поврзан