• петок, 05 декември 2025

Студенти од Турција на средба со претставници од СВР-Штип за навремено добивање дозволи за престој

Студенти од Турција на средба со претставници од СВР-Штип за навремено добивање дозволи за престој

Штип, 5 ноември 2025 (МИА) – Претставници од Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип и студенти од Турција денеска имаат средба со преставници од Секторот за внатрешни работи (СВР)-Штип со цел полесно и побрзо да добијат дозволи за престој во државата.

Професорот на Филолошкиот факултет при УГД-Штип, Махмут Челик, рече дека средбата се организира со цел да не се создава гужва пред полициска станица и  турските студенти полесно и побрзо да ги добиваат потребните документи за престој во државата и за студирање на УГД Штип.

Во изминатиот период пред СВР Штип студентите се соочуваа со проблем да  чекаат во редици за документи. 

-До пред две до три години немавме никаков проблем со престојот. Студентите редовно за кратко време добивале дозволи за престој. Но, за жал, од лани има проблеми, на пример со студенти кои задоцниле со престојот и не успеале да добијат престој па биле и депортирани, изјави  Челик.

Околу 500  студенти од Турција студираат на УГД-Штип, но дел од нив не успеале да ги положат сите испити, а околу 40 турски студенти се депортирани  бидејќи навреме немале извадено документи за престој во државава. 

-Има некаде околу 500 студенти, активни студенти, но некои кои не успеале да ги полагаат потребните испити се откажаа. Некои од нив биле и депортирани и очекуваме тие студенти да се вратат назад на УГД- Штип, изјави Челик.

 Целта на ваквите средби е да им се помогне на странските студенти навремено да добијат дозволи за престој, како и да ги решат проблемите со иднексот. вдј/хс/ 

Фото: МИА

 

Остани поврзан