Студено со умерен, повремено засилен северен ветер

Скопје, 25 јануари 2022 (МИА) - Времето ќе биде сончево и студено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -14 до -6, а максималната ќе достигне од -3 до 6 степени.
Во Скопје, сончево со мала облачност и студено со умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -11, а максималната ќе достигне до 2 степена.
Продолжува периодот на студено време со умерен до засилен северен ветер. До среда утринските температури на повеќе места ќе се спуштаат под -10 степени, а дневните од средината на седмицата ќе бидат во постепен пораст. Поради ниските температури ќе има појава на голомразица.