• понеделник, 16 март 2026

Стружани да ја исчистат дивата вегетација од тротоарите, во спротивно Комунално ќе ги фактурира трошоците за отстранување

Стружани да ја исчистат дивата вегетација од тротоарите, во спротивно Комунално ќе ги фактурира трошоците за отстранување

Струга, 23 февруари 2026 (МИА) - Општина Струга на граѓаните им даде рок до 31 март да ја отстранат неконтролираната вегетација, трње и обраснати површини, кои го попречуваат движењето и го нарушуваат изгледот на јавниот простор.

Општинската прес-служба денеска соопшти дека акцијата се однесува на тротоари, улици и јавни површини, кои граничат со приватни имоти, а не се одржувани од страна на сопствениците.

- Ги повикуваме сите сопственици на земјиште, куќи и деловни објекти да извршат чистење и уредување на просторот околу своите имоти. Од 1 април, Јавното комунално претпријатие ќе пристапи кон чистење на необработените површини, а направените трошоци ќе бидат фактурирани на сопствениците, соопшти Општина Струга.

Комуналните инспектори, како што е наведено, ќе вршат теренски контроли и ќе постапуваат согласно законските надлежности. сс/дма/

Фото: Општина Струга

Остани поврзан