• петок, 10 мај 2024

Струга ТЛ загуби од во првиот натпревар од плејофот за Конференциската лига

Струга ТЛ загуби од во првиот натпревар од плејофот за Конференциската лига

Охрид, 24 август 2023 (МИА) – Македонскиот фудбалски шампион Струга Трим Лум доживеа пораз од исландски Бреидаблик на првиот меч во плејофот во Лигата на конференции на УЕФА.

 

Вечерва во Охрид, стружани загубија со 1:0. Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Хоскулдур Гунлаугсон во 36. минута.

 

Во 28.минута на Струга и беше поништен гол. Шабани ја затресе противничката мрежа, но ВАР го поништи голот поради прекршок над гостинскиот голман.

 

Струга ТЛ натпреварот го заврши со фудбалер помалку поради исклучувањето (два жолти картони) на Ванѓел Згуро во 90+2.минута.

 

Реваншот на Исланд ќе се игра по седум дена. зс/

 

Фото: Фејсбук

Остани поврзан