Строл ќе го пропушти Гран При на Шпанија во Формула 1 поради повреда на зглобот
- Канадскиот возач на Формула 1, Ленс Строл, ќе го пропушти Гран При на Шпанија во недела поради болки во раката и зглобот, објави Астон Мартин.
Барселона, 1 јуни 2025 (МИА) - Канадскиот возач на Формула 1, Ленс Строл, ќе го пропушти Гран При на Шпанија во недела поради болки во раката и зглобот, објави Астон Мартин.
Строл, син на сопственикот на тимот, Лоренс, доживува болки во последните шест недели, за кои медицинскиот персонал вели дека се резултат на операција по велосипедска несреќа во 2023 година.
-Медицинскиот тим потврди дека тој нема да се трка утре и ќе биде подложен на процедура за да се корегираат овие проблеми пред да се фокусира на неговото закрепнување, објави тимот.
Строл се квалификуваше како 14-ти на патеката Каталуња, но беше повикан од стјуардите откако се квалификуваше затоа што не беше мерен.
Астон Мартин нема да може да обезбеди замена за трката. дс
Фото: Архива