Стојковски и Топаловски извршија теренски увид на сообраќајната безбедност во општина Ѓорче Петров
- Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, денеска, заедно со началникот на СВР Скопје, Сашо Топаловски, изврши теренски увид на сообраќајната безбедност на повеќе критични точки на територијата на општината. Од Општина Ѓорче Петров соопштуваат дека на увидот биле идентификувани локации со зголемен ризик за сообраќајни незгоди, каде е забележана честа појава на брзо возење, небезбедно престигнување и минување на црвено светло.
Скопје, 26 јуни 2025 (МИА) – Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, денеска, заедно со началникот на СВР Скопје, Сашо Топаловски, изврши теренски увид на сообраќајната безбедност на повеќе критични точки на територијата на општината. Од Општина Ѓорче Петров соопштуваат дека на увидот биле идентификувани локации со зголемен ризик за сообраќајни незгоди, каде е забележана честа појава на брзо возење, небезбедно престигнување и минување на црвено светло.
Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Стојковски, истакнал дека Општината во соработка со Министерството за внатрешни работи ќе продолжи со континуирани активности за унапредување на безбедноста и сообраќајната култура во урбаните и приградските зони.
– Безбедноста на граѓаните е апсолутен приоритет. Ќе ги преземеме сите неопходни мерки за да го подигнеме нивото на безбедност на улиците во Ѓорче Петров и да испратиме јасна порака дека неодговорното однесување во сообраќајот нема да се толерира, вели Стојкоски.
Во соопштението се наведува дека на местата кои денеска биле идентификувани како локации со зголемен ризик, ќе бидат поставени надзорни камери кои ќе овозможат евиденција на прекршоци. Со цел зголемување на безбедноста, велат, ќе бидат поставени успорувачи на брзина на точки каде што граѓаните веќе доставиле барања за тоа, а Општината ја има потврдено реалната потреба. ра/лв/
Фото: Општина Ѓорче Петров