• недела, 22 декември 2024

Стојаноски одржа прес-конференција пред Електра Солушн, регистрирана за долна облека

Стојаноски одржа прес-конференција пред Електра Солушн, регистрирана за долна облека

Скопје, 15 март 2023 

Се наоѓаме пред влезот на поранешна „Свилара" од Велес, погони во кои е регистрирана Електра Солушн, во овие погони, оваа фирма која сега ќе го врши надзорот над Коридорите 8 и 10д произведувала долна облека. Тоа е експертизата која ја има Електра Солушн, од текстилен погон, до надзор на најскапиот градежен проект во државата.Оваа фирма за долна облека е стручната компанија за која говорат Груби и Ковачевски.Покрај Електра Солушн на синот Ампов, овде канцеларии има и Институтот за патишта Велес на таткото Ампов, кој е добитник на првиот тендер за надзор, кој заради руската врска беше поништен.Најсимптоматично од се е што во овие погони канцеларии има и Хрватската фирма со руски капитал ИГХ, која била носител на Конзорциумот со кој Институт за патишта Велес го добива и првиот тендер.Откако договорот помеѓу ИГХ и државата пропаѓа, се објавува нов, на кој наместо фирмата на таткото која се наоѓа зад овие погони зад нас, се јавува фирмата на синот, која исто така се наоѓа во погоните зад нас.Граѓаните може да видат дека се работи за текстилни погони. И така оваа фирма Електра Солушн со искуство во производство на долна облека, како што самите тврдат била контактирана од големи странски фирми за да учествуваат заедно на тендерот вреден 22 милиони евра за надзор.Зарем ЈО и ДКСК веруваат во приказните дека странски фирми за надзор ќе бараат од фирма во Македонија производител на долна облека да им биде партнер во надзор, а потоа и да отстапат 2/3 од работата за сметка на македонските партнери производители на долна облека?Зарем ЈО и ДКСК веруваат дека Министерството за транспорт коешто е под контрола на СДС вообичаено издава лиценци за надзор за 5 дена?Зарем некој во ЈО и ДКСК мисли дека фирма за производство на долна облека која добива лиценца за надзор за 5 дена може да биде постручна од фирми кои со години работат во областа?Власта влезе во шема која смрди на корупција. Со изборот на надзорот ризикуваат да ја посрамотат Македонија, и да го оштетат буџетот. ЈО и ДКСК да не мислат уште многу, туку да реагираат веднаш, иако тоа требаше да го сторат  пред две недели.
 
Бојан Стојановски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ
 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ 

Остани поврзан