• недела, 19 мај 2024

Стојаноска: Гордана Силјановска - Давкова е најдобриот кандидат за претседател

Стојаноска: Гордана Силјановска - Давкова  е најдобриот кандидат за претседател

Скопје, 13 април 2024 

Денешниов ден сум со теренска агенда во општина Јегуновце, го започнав со средба со жители на селото Копанце и најинтересен момент ми беше што најмногу Албанците, жители на Копанце беа презадоволни од градоначалникот Диме. Велат дека Диме не прави разлика дали станува збор за Македонци, Албанци, Роми или Срби туку Диме знае само за работа и за контакти со граѓаните.

И затоа велат дека и Гордана Силјановска Давкова е најдобриот кандидат за претседател затоа што и таа не прави никаква разлика и затоа што се предлози на ВМРО-ДПМНЕ, а ВМРО-ДПМНЕ знае само за работа и за контакт со граѓаните.

24 Април е денот кога ова граѓаните ќе го покажат на дело и ќе го направат изборот односно ќе го заокружат бројот 2 за нашата кандидатка Гордана Силјановска Давкова.

Дафина Стојаноска, носител на изборна единица 6


Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

 

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан