• недела, 22 декември 2024

Стотици пациенти евакуирани од болницата Ал Шифа во Газа, остануваат околу 120 ранети, бебиња и лекари

Стотици пациенти евакуирани од болницата Ал Шифа во Газа, остануваат околу 120 ранети, бебиња и лекари

Газа, 18 ноември 2023 (МИА) - Стотици пациенти се евакуирани денеска од болницата „Ал Шифа“ во Појасот Газа, откако израелската армија даде рок од еден час за евакуација на најголемата медицинска установа на палестинската територија.

Според Министерството за здравство на Газа под контрола на Хамас, сепак, во болницата остануваат 120 ранети пациенти и неодреден број предвремено родени бебиња. 

Претходно, претставници на болницата изјавија дека не може да се евакуираат 450 болни и ранети, поради што лекарите останале во болницата.

Израелската армија од своја страна прецизираше дека не издала наредба за евакуација на луѓето од болницата, туку го исполнила барањето на директорот на медицинската установа. паг/

Фото: МИА архива

 

 

 

Остани поврзан