• среда, 24 април 2024

Стопанственикот Никола Мариноски нов претседател на прилепската Регионална стопанска комора

Стопанственикот Никола Мариноски нов претседател на прилепската Регионална стопанска комора

Прилеп, 21 февруари 2024 (МИА) - Никола Мариноски, сопственик на конфекцијата „Кули“ од Прилеп е новиот претседател на прилепската Регионална стопанска комора. На досегашната претседателка Ирена Јакимоска ѝ истече петгодишниот мандат. Потпретседатели се, староновиот Сашо Самарџиоски од Прилепската пиварница и досегашната претседателка Јакимоска. Вака одлучија членките на прилепската Регионална стопанска комора на денешната седница што се одржа во големата сала на локалната самоуправа. Новиот претседател на Комората Мариноски вели дека оваа година е полна со предизвици, а ја отежнува што е и изборна.

- Оваа е изборна година и ќе биде малку тешка година за работењето на компаниите, посебно за оние  кои соработуваат со државата. Како комора се надеваме дека оние заклучоцикои ги донесовме на форумот и оние потребни кои ги има стопанството ќе се обидеме во ова предизборен период да ги доставиме до политичките партии да ги инкорпорираат во нивните програми и овој Пелагониски регион кој по Скопскиот регион е најголем по придонесот во бруто домашниот производ, со 11,1 проценти, сметаме дека подобро ќе се развива, изјави Мариноски.

Според Мариноски приоритетна е патната инфраструктура

- Се надеваме на брза реализација на експресниот пат, се надеваме да почне реализацијата на атопатот Прилеп-Битола, но тие се работи кои не се во наш домен, рече Мариноски.

Прилепската регионална стопанска комора има соработка со 17 други Регионални комори со кои треба да се возобноват контактите и да с еинтензивира соработката.

- Комората доби и 10-тина нови членки, стопанственици, а ќе работиме и на интензивирање на соработката со Општината за изработка на нови детални урбанистички планови и да побараме нов Генерален урбанистички план. Сите тие работи за развој и раст на стопанството,изјави новоизбраниот претседател на Регионалната стопанска комора од Прилеп.ем/

Фото: МИА

Остани поврзан