• недела, 22 декември 2024

Столтенберг: Русија  во моментов не е закана за НАТО

Столтенберг: Русија  во моментов не е закана за НАТО

Хелсинки, 6 јуни 2024 (МИА) - Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и финскиот претседател Александар Стуб денеска им соопштија на сојузниците во Алијансата дека Русија во моментов не претставува воена закана за НАТО.

За време на заедничката конференција во Хелсинки, меѓутоа, двајцата предупредија дека земјите од НАТО мора да ја зајакнат Украина и нивните воени сили за да ја одвратат евентуалната идна агресија од Москва, јави Њусвик.

Столтенберг кажа дека на Украина ѝ е потребна „предвидливост и одговорност“ во воената поддршка на НАТО за да се обиде да се одбрани, како што вели, од летната руска офанзива додека Западот се обидува да постигне консензус за мировниот план на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

-Во текот на последните месеци забележавме некои пропусти, некои одложувања во обезбедувањето воена поддршка за Украина, додаде генсекот на НАТО во заминување.

Столтенберг додаде дека западните сојузници треба да се погрижат да не се повтори доцнењето на воената поддршка на Украина.

-На Украина и треба предвидливост и одговорност од сојузниците во НАТО во однос на воената поддршка, рече Столтенберг за време на посетата на Финска на прес-конференција со финскиот претседател Александар Стуб.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан