• четврток, 26 декември 2024

Столтенберг: НАТО ги поздравува напорите во координација со ОН за извоз на жито од Украина по морски пат

Столтенберг: НАТО ги поздравува напорите во координација со ОН за извоз на жито од Украина по морски пат
Вашингтон, 2 јуни 2022 (МИА) – НАТО ги поздравува сите напори во координација со ОН за извоз на жито од Украина по морски пат, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. - Најлесен начин да се добие повеќе жито и да се намали притисокот врз цените на храната е претседателот Путин да стави крај на војната, рече тој. Шефот на НАТО не сакаше да коментира дали во Алијансата се разговара за поморска придружба со цел извозот на блокирани житни култури во Украина да помине низ руската блокада на украинскиот брег, но рече дека ги поздравува напорите за изнаоѓање решенија. - Ги поздравувам напорите на различни земји, вклучително и сојузниците во НАТО, исто така во тесна соработка со ОН, да бараат начини за извлекување повеќе житарки, рече тој. Русија, Турција, Украина и ОН подготвија Мапа на пат што ќе обезбеди функционирање на безбеден коридор за извоз на земјоделски производи од украинските пристаништа, јави претходно агенцијата Анадолија, повикувајќи се на дипломатски извори. јт/

Остани поврзан