• петок, 22 ноември 2024

Стоилов поради коронавирус го пропушта дуелот против Црна Гора

Стоилов поради коронавирус го пропушта дуелот против Црна Гора
Дебрецин, 15 јануари 2022 (МИА) – Кружниот напаѓач Стојанче Стоилов вечерва нема да може да и помогне на македонската ракометна репрезентација на натпреварот против Црна Гора поради позитивен тест на коронавирусот. Ракометната федерација на Македонија (РФМ) спроти вториот натпревар на „црвено – жолтите“ на Европското првенство во Дебрецин соопшти вечерва дека Стоилов е позитивен на Ковид-19. - Денеска за жал ќе играме без Стојанче Стоилов, кој на последното тестирање доби позитивен тест на Ковид-19. Се надеваме дека Столе, како еден од лидерите, ќе биде во можност да се врати во составот за скоро време, соопшти РФМ. ег/мд/

Остани поврзан