• петок, 22 ноември 2024

Стоилковски: Нема крај на партиските вработувања, функционерка на СДСМ вработена во АЕК

Стоилковски: Нема крај на партиските вработувања, функционерка на СДСМ вработена во АЕК
Скопје, 10 септември 2022
 
Почитувани, сеуште не стивнал скандалот со вработувањето на Бесмира Ејупи  во МНР, антимакедонската СДС се уште нема вистински одговори со што Ејупи заслужила да биде дел од МНР и дали тоа не е чекор до нејзино именување за генерален конзул, а сепак не застануваат со скандалите за ухлебување на своите партиски миленици и функционери.Почитувани, партиската функционерка на антимакедонската СДС, Емилија Костурски е вработува во АЕК за плата од 55.000 денари, на место соработник за информатички технологии, а доаѓа од позиција долгогодишен наставник во средното медицинско училиште во Битола.Антимакедонската СДС мора да објасни како Агенцијата за администрација оценува дека 56 годишната наставничка од медицинско училиште во Битола е посоодветна за позиција соработник за информатички технологии во АЕК, е посоодветна од 35 годишник со завршени информатички студии, којшто исто така конкурирал на огласот?Антимакедонската СДС мора да објасни дали зад максималниот број на поени за работа во АЕК и петте поени разлика од кандидатот информатичар, пресуден  бил фактот што Емилија Костурски е член на ЦО на СДС и заменичка на екс-градоначалничката на Битола?Почитувани, 
Македонија тоне во кризи и во сиромаштија, а буџетот се користи за вработувања на партиските миленици на ДУИ и антимакедонската СДС. Половина милион граѓани живеат во сиромаштија, со енергетската криза предизвикана од криминал ја доведоа државата во банкрот, ама важно е кадарот на ДУИ и на антимакедонската СДСМ да биде ухлебен. Наместо да се занимаваат за струја, за гас, храна, млеко, наместо да се борат со растечката инфлација, тие го користат буџетот за вдомување на свои миленици во администрација и плата од празниот буџет.Ова почитувани мора да има крај и затоа се потребни итни тројни избори, парламентарни, претседателски и Референдум.
Без срам Пендаровски се појави на Охридскиот пливачки маратон од чие покровителство се откажа, маратонот денеска се одржува само благодарение на градоначалникот Пецаков
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски на новинарско прашање кое се однесуваше на објавата на претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски кој присуствуваше на 35 Охридски пливачки маратон одговори дека срамно е Пендаровски да се појавува на маратонот затоа што тој се криеше и се откажа од покровителство на маратонот. Стоилковски исто така потсети дека денеска 35 Охридски пливачки маратон се одржува благодарение на општината и градоначалникот, Кирил Пецаков.-Ова е дно, ова е срамно. Стево Пендаровски се криеше и се откажа од покровителство на маратонот, Стево Пендаровски соопшти дека маратонот нема да се одржи. 35 Охридски пливачки маратон се одржува денеска благодарение само и само на градоначалникот Кирил Пецаков и на општина Охрид. Еден маратон Стево Пендаровски не е во состојба и не е способен да организира или да поддржи, а не пак да води држава. Срамно е и недостоинствено Стево Пендаровски денеска да се претставува како покровител на 35 Охридски пливачки маратон, истакна портпаролот   Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ _______________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан