• петок, 22 ноември 2024

Стоилковски: За ДУИ и СДСМ иста вредност имаат и легалните градби и дивоградбите

Стоилковски: За ДУИ и СДСМ иста вредност имаат и легалните градби и дивоградбите

Скопје, 17 април 2023

За Артан Груби и Димитар  Ковачевски, за ДУИ и СДС, законот и беззаконието исто се вреднува, легалните градби и дивоградбите исто ќе се обештетуваат!

За Груби и резервниот премиер Ковачевски нема разлика меѓу законското и незаконското, исто тежат и законот и криминалот. Иста вредност имаат и легалното и нелегалното. Со законските измени по потпишаниот договор за изградба на автопатишта, прифатиле промена на законот за експопријација, со тоа што би се вметнало иста вредност за обештетување да има за сите градби што би се рушеле, а се на трасата на автопатот.

Иста вредност и за легално изградените објекти, оние што се градени со закон, со дозвола, со платени комуналии, давачки и данок, но и за дивоизградените објекти!

Шефот на Ковачевски, Артан Груби веќе обелодени дека речиси половина од земјиштето на трасата, 45% од неа, минува низ приватни имоти.

Ако веќе трасата е позната, а нема да се бара документ за легализација, тоа значи дека сега некој да почне да гради карабина, без никаква дозвола, утре ќе му биде платено како да ја минал цела процедура и да има платени давачки кон државата!

Ова ќе биде се, само не закон и почитување на законот. Ова ќе предизвика и стимулира наплив на дивоградби на предвидените траси.

Почитувани, вакво законско решение како што Груби и резервата Ковачевски прифатиле со Договорот и сега туркаат законски измени е се само не право!

Ова е изедначување на правото и неправото, изедначување на законот и беззаконието и тоа со измена на закон за експопријација.

Притоа, голема е веројатноста истиот закон понатаму да се бара да биде усогласен со сите натамошни градежни зафати во државата, по принципот зошто да важи за едни, а да не важи за други? Ова би било целосно нарушување на планиран развој и креирање на генерални и детални урбанистички планови!

Почитувани, кријат штетен договор, менуваат закони со коишто беззаконието се изедначува со владеење на закон! ДУИ и СДС со вакво решение прават целосно кршење на принципот на владеење на правото и на причината за постоење на закони!

Само избори се спасот!

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

____________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Остани поврзан