• понеделник, 23 декември 2024

Стоилковски: Дали дигитализацијата на учебниците ќе чини 120 милиони евра

Стоилковски: Дали дигитализацијата на учебниците ќе чини 120 милиони евра
Скопје, 1 мај 2021 Нема одговор од режимот на мафијата за тоа колку ќе чини таканаречената дигитализација на образованието што го турка на сила. Режимот на мафијата докажа дека ниеден зафат не е способна да спроведе ако зад тоа нема проценти и провизии, ако зад тоа нема лукративни пориви. Режимот сега тргна не само во одземање на минатото и на сегашноста, туку и на иднината. Во услови на епидемија, околу 25,000 деца не следат настава, иако основното и средното образование се законски задолжителни. Сега Мила Царовска со поддршка на мафијата на режимот тргнаа и да ги одземат учебниците на овие деца, коишто се всушност од најранливата категорија граѓани, им ја одземаат можноста за еднаков развој и напредување, можноста да ја променат својата состојба. Оттука, Мила Царовска е должна да одговори: Дали зад овој таканаречен проект на дигитализација не се работи за проект вреден 120 милиони евра, буџетски пари? И дали овие 120 милиони евра треба да ги добие фирма од Хрватска? Царовска мора да каже дали за ваков, според сите, неразумен зафат, ќе биде потребен ангажман на бројни невладини организации, надворешни советници и соработници, избрани без познати критериуми? Почитувани, овој „дрвено железо“ проект, мултимедијални содржини-аудио и видео содржини коишто би требало да можат да бидат испечатени од родителите или од училиштата, зад себе крие многу прашања, а режимот нема  доблест да ги одговори. Креирање на образование кое што креира нееднаквост меѓу децата, притоа со европско знаменце е злоупотреба на моќ и злоупотреба на вредностите. Укинување на учебници нема во ниту една земја во светот. Електронски учебници можат да бидат само помагала, но не и врз нив да се одвива сиот наставниот процес. Ова не е реформа, ова е експеримент на мафијата на власт со иднината на децата, којшто чини 120 милиони евра, а зад којшто стојат однапред договорени фирми и сметки. Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски на денешната прес конференција на прашање од новинар околу скандалот со новата претседателка на Судскиот совет, Павлина Црвенковска посочи дека тој случај само ја надополнил сликата за состојбите во правосудниот систем. Тој рече дека Судскиот совет мора да го преиспита својот едногласен избор, а Црвенковска да покаже доблест и да се повлече од функцијата. - Овој скандал отвора и два многу сериозни аспекти, прво за вмешаноста на режимот во Еуростандард банка, но и како показател за какви судски реформи се залага режимот на мафијата при оние закани за смена на судии и ламентирањата за испитување на нивниот имот, истакна Стоилковски. Според него, случајот со Павлина Црвенковска само ја надополнува сликата за состојбите во правосудниот систем во пупка на режимот. Изборот и однесувањето на Црвенковска само ќе ја зајакне недовербата на граѓаните кон правосудниот систем, вели Стоилковски. -По скандал во кој што сопругот- бизнисмен не враќал пари за кредитот, од банка во чијшто кредитен одбор работела ќерката, а банката пропаѓа со заштедите на граѓаните, Црвенковска застанува на чело на судскиот совет, откако скандалот одекна во јавноста, изјави Стоилковски. Црвенковска доколку сама не покаже трошка доблест и не се повлече од функцијата, рече тој судскиот совет мора да си го преиспита својот едногласен избор, затоа што се друго понатаму во себе ќе содржи политичка мотивирана пристрасност и од советот и од Црвенковска, дециден е Стоилковски. Прес-конференција на Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан