• среда, 01 мај 2024

Стипендии за додипломски, магистерски и докторски студии во Индија за академската 2024/2025 година

Стипендии за додипломски, магистерски и докторски студии во Индија за академската 2024/2025 година

Скопје, 26 февруари 2024 (МИА) -  Министерството за образование и наука информира за можноста студенти од Северна Македонија да добијат стипендија за студирање во Индија.

Како што објави МОН, индискиот Совет за културна соработка ( ICCR) во рамки на Lata Mangeshkar Dance & Music Scholarship Scheme обезбедува стипендии за Северна Македонија за студирање на индиските универзитети за академската 2024-2025 година.

Студиите кои се нудат се во областа на индиски танц, музика, тетар, изведувачки уметности, скулптура, индиски јазик, индиска кујна и сл. Крајниот рок за пријавување е 30 април 2024. 

Подетални информации се достапни на веб страницата: http://a2ascholarships.iccr.gov.in хс/ дма/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан