• недела, 22 декември 2024

Стив Вознијак, еден од основачите на „Епл“, примен во болница во Мексико Сити

Стив Вознијак, еден од основачите на „Епл“, примен во болница во Мексико Сити

Мексико Сити, 9 ноември 2023 (МИА) - Ко-основачот на Епл  (Apple), Стив Вознијак денеска е хоспитализиран во Мексико Сити, поради можен мозочен удар, јавија мексиканските медиуми.

Овој 73-годишен научник и технолошки претприемач требаше да учествува на настан на Светскиот бизнис форум во мексиканската престолнина.

Британскикте медиуми наведуваат дека тој денеска требало да одржи говор на форумот и истакнуваат дека засега не е можно да добијат независна потврда за наводите дека Вознијак е хоспитализиран. сд/

Остани поврзан