• недела, 30 јуни 2024

Стејт депертмент: Русија ја одби понудата за ослободување на Вилан и Гершкович

Стејт депертмент: Русија ја одби понудата за ослободување на Вилан и Гершкович

Вашингтон, 6 декември 2023 (МИА) - Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден и дала на Русија нова понуда чија цел била да ги ослободи од руските затвори двајцата Американци, Пол Вилан и Еван Гершкович, но Москва ја одбила, соопшти Стејт департментот. 

Портпаролот на американското Министерство за надворешни работи, Метју Милер, не зборуваше за деталите на понудата или зошто Русија ја одбила, но информациите што тој ги обелодени сугерираат дека Вашингтон се уште преговара со Москва за да се обиде да ги врати дома Вилан и Гершкович, пишува Гласот на Америка. 

-Русите го отфрлија предлогот, но тоа нема да не спречи да продолжиме да правиме се што можеме за да се обидеме да ги вратиме и двајцата дома, рече Милер на прес-конференција.

Вилан, експерт за корпоративно обезбедување од Мичиген, е во руски затвор од декември 2018 година, кога беше уапсен под обвинение за шпионажа. Тој беше осуден на 16 години затвор, а американската Влада ги отфрли обвиненијата. 

Гершкович, новинар на американскиот весник „Вол Стрит Џурнал“ (WSJ), беше уапсен во март додека беше на новинарска задача во рускиот град Екатеринбург, на околу 2.000 километри од Москва. Руските власти го обвинија за шпионажа, а новинарот и неговиот медиум ги отфрлија обвиненијата. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан