• недела, 22 декември 2024

Стејт департмент: САД не се вмешани во бунтот на групата Вагнер

Стејт департмент: САД не се вмешани во бунтот на групата Вагнер

Вашингтон, 26 јуни 2023 (МИА) - Амбасадорката на САД во Москва Лин Трејси директно контактираше со руските власти викендов за да ги увери дека САД „не се вмешани“ во неуспешниот бунт на паравоената група Вагнер во Русија, соопшти Стејт департментот.

Амбасадорката Трејси, како и американски претставници кои контактирале со руската амбасада во Вашингтон, изјавиле дека „САД не се и нема да бидат вмешани“ во настаните што ја потресоа Русија, изјави вечерва портпаролот на Стејт департментот Метју Милер.

Тој посочи дека американските власти „се надеваат дека Русија ќе ги исполни своите обврски за заштита на амбасадата и дипломатскиот персонал“ со седиште во Москва.

Дипломатските односи меѓу Вашингтон и Русија се на најниско ниво од руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, а разговорите на високо ниво најмногу се однесуваат на американските затвореници во Русија. ссм/

фото: архива

Остани поврзан