• четврток, 16 мај 2024

Стерјовски: Да бевме членка на ЕУ, воопшто немаше да разговараме за бугарско малцинство во Албанија

Стерјовски: Да бевме членка на ЕУ, воопшто немаше да разговараме за бугарско малцинство во Албанија

Тирана, 30 декември 2023 (МИА) - Претседателот на партијата Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски гостувајќи во емисијата „Конак“ на албанската телевизија СОТ7 (SOT7), зборуваше за историските разликите помеѓу Македонците и Бугарите и за напорите на Бугарија вештачки да создаде бугарско малцинство во Албанија преку ЕУ.

Според него, во земјата живееле Македонци, а никогаш Бугари, оценувајќи дека „ова е европски, не е само албански проблем“.

-Да бевме денес членка на ЕУ, воопшто немаше да разговараме за бугарско малцинство. Мислите Вие дека еден жител ќе плаќа илјадници евра за да стане Бугарин. Дали има смисла еден жител да плати илјадници евра, да земе заем, за да земи пасош? Сето тоа е од економски причини. Тие што зедоа денеска се во ЕУ и не отидоа во Бугарија, отидоа во западните земји. Доколку се чувствуваа Бугари, ќе одеа во Бугарија. Ги земаат пасошите да работат во земјите од Европската Унија, вели Стерјовски.

На констатацијата на новинарот дека не можете да спречите граѓанин слободно да се изрази за својата етничка припадност, Стерјовски одговара „секако не, но да се поставува прашањето „дали сме Бугари или Македонци за мене е перверзија“.

- Да бидеме реални. Јас сум активист на македонската заедница најмалку 15 години, а кога се борам за правата на мојата заедница не можам да ги негирам правата на друга заедница. Но, во овој случај нема да го правиме со бугарска заедница. Затоа што ја нема. Дали разбирате дека ова е перверзија? Како е можно за 100 години во Пустец, кога сите жители дури и на последниот попис се изјасниле за Македонци и како што вели бугарскиот академик во 2019 година на пилот пописот имало само еден жител кој се изјаснил за Бугарин. Од каде ќе излезат сега Бугари? Ние немавме бугарска инвазија овие три години, додава тој.

Кон Македонија и Албанија кои беа дел од Отоманската империја, Бугарија, Србија и Грција, нагласува Стерјовски, ги започнале своите пропаганди особено преку црквите.

-Истото што го правеа тогаш, го прават и сега. Сега даваат пасоши, тогаш даваа пари селото да бара бугарски поп. Ако баравте да бидите под бугарската егзархија, тогаш ќе можеа да го воведат бугарскиот јазик во училиштата. Истото нешто го правеа и Грците. Истото го правеа и Србите. На истата политика работат и сега. Сега вештачки преку пасошите, сакаат да извадат процент на Бугари, за утре да го воведат и бугарскиот јазик, вели тој.

Бугарите се турко-монголско племе, имаа канови, пример, кан Аспарух, турски имиња за кралеви кои во меморијата на жителите на Македонија и Македонците во Албанија никогаш не биле и ниту се учат во историјата на Македонија, наведува Стерјовски, кој е магистер по историски науки.

-Македонците немаат врска со Бугарите. Кај Македонците и во Преспа, култот на Александар особено во османлискиот период, од она што имам прочитано од сведоштвата на жителите од тој период кои се документирани и запишани, тие го гледале Александар како светец кој ќе дојде да ги ослободи од Турците. Во колективна меморија Александар го сметале за свој крал. Не само ова, во пештерска црква во Пустец од 14 век, ја имаме фреската на Александар претставен како светец, Александар Македонски. Кај нас Македонците името Александар е многу распространето, не зборувам за сега, зборувам и во времето на комунизмот, дури и за ова, еден албански новинар имаше статија за тоа колку е распространето името Александар, и вие сами знаете, вели Стерјовски. вт/дма/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан