• среда, 17 јули 2024

Стерлинг: Се надевам дека Грилиш ќе ми помогне да постигнам повеќе голови

Стерлинг: Се надевам дека Грилиш ќе ми помогне да постигнам повеќе голови
Манчестер, 13 август 2021 (МИА) – Фудбалерот за врска на Манчестер сити, Рахим Стерлинг е среќен за доаѓањето во клубот на Џек Грилиш од Астон Вила. - Донесовме одличен играч кој сака да се докаже на највисоко ниво. Мислам дека нема подобар клуб да се обиде да го направи ова. Грилиш е играч кој секогаш сака да ја има топката, тој е креативен и ја испорачува топката на отворени простори. Ова е уште еден креативен играч во Манчестер сити, за што сум многу среќен. Се надевам дека ќе ми помогне да постигнувам голови почесто. Добро е кога во тимот доаѓаат силни играчи. Уверен сум дека Грилиш ќе може да изгради одлична кариера овде, смета Стерлинг. Манчестер сити е бранител на шампионскиот трофеј во англиската Премиер лига. зс/

Остани поврзан