• четврток, 21 ноември 2024

Стерлинг не преговара со Ал Хилал, останува во Челси

Стерлинг не преговара со Ал Хилал, останува во Челси

Лондон, 28 февруари 2024 (МИА) - По наводите дека напаѓачот на Челси, Рахим Стерлинг преговарал со клубови од Саудиска Арабија, од Островот пристигнуваат информации дека такво нешто не се случило - барем не се уште.

Според извори блиски до напаѓачот, Стерлинг е целосно фокусиран на престојот во Челси и сака да го даде својот максимум за да има што поголема минутажа во лондонскиот клуб.

Деновиве се појавија приказни дека англискиот репрезентативец бил во преговори со Ал Хилал, во кои од Премиер лигата веќе пристигнаа Александар Митровиќ и Рубен Невес, но од тие преговори барем засега нема ништо.

Стерлинг е во Челси од 2022 година, одигра 70 натпревари и постигна 17 голови. Во својата кариера играше и за Ливерпул и Манчестер Сити.дс

Фото: Фејсбук

Остани поврзан