• петок, 05 декември 2025

Старо Нагоричане доби контејнери за собирање на смет

Старо Нагоричане доби контејнери за собирање на смет

Куманово, 27 ноември 2025 (МИА) - Општина Старо Нагоричане доби 24 нови метални контејнери преку Бирото за регионален развој во соработка со Министерството за локална самоуправа и Центарот за развој на североисточниот плански регион, информираа денеска надлежните. Екипите на комуналното претпријатие ЈКП „Козјак“ ќе ги распредели контејнерите на однапред утврдени локации. Со оваа мерка локалната самоуправа директно интервенира во квалитетот и достапноста на услугите за собирање на отпад.

-Очекуваме новите садови за отпад да придонесат за подигнување на квалитетот на услугите за собирање и управување со комуналниот отпад, како и за создавање почиста и поуредна животна средина. Наш приоритет е заштитата на јавното здравје и подобрување на условите за живот на граѓаните, изјави градоначалникот Мирослав Славковски.

Советниците на наредната седница ќе го разгледаат предлогот контејнерите да бидат поставени во уште две села.

-Ваквите инвестиции имаат поширок ефект, влијаат на навиките на населението, ја намалуваат појавата на диви депонии и придонесуваат кон повисоко ниво на еколошка свест, изјави Славковски. ам/рп/

Фото: Општина Старо Нагоричане

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан