Стармер разговараше со Зеленски и ја повтори поддршката на Велика Британија за Украина
- Британскиот премиер Кир Стармер изутрината разговараше со украинскиот претседател Володимир Зеленски, повторувајќи дека Велика Британија ќе и дава поддршка на Украина се додека биде потребно.
Лондон, 14 февруари 2025 (МИА) - Британскиот премиер Кир Стармер изутрината разговараше со украинскиот претседател Володимир Зеленски, повторувајќи дека Велика Британија ќе и дава поддршка на Украина се додека биде потребно.
Стармер, исто така, „ја повтори посветеноста на Велика Британија на тоа Украина да биде на неповратниот пат кон НАТО, како што се договорија сојузниците на Самитот во Вашингтон минатата година“, рече портпаролката на британскиот премиер, пренесе Би-Би-Си. рп/
Фото: МИА архива