• вторник, 17 септември 2024

Стармер не оди на одмор поради немирите во Велика Британија

Стармер не оди на одмор поради немирите во Велика Британија

Лондон, 12 август 2024 (МИА) - Британскиот премиер Кир Стармер ги промени плановите за одмор откако земјата беше зафатена со немири по нападот во Саутемптон.

Портпаролот на Стармер, кој ја презеде функцијата пред неколку недели, денеска потврди дека премиерот одлучил да не прави пауза, објави „Политико“.

Наместо тоа, Стармер ќе „работи помеѓу Даунинг Стрит и Чекерс“ оваа недела, рече портпаролот. Checkers е селска куќа со која располага премиерот на Велика Британија во близина на селото Елсборо, 40 милји северозападно од Лондон.

„Премиерот не е единствениот. За време на викендот поради нередите многумина решија да не отсуствуваат за да бидеме сигурни дека можеме да реагираме“, додаде портпаролот. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан