• четврток, 26 март 2026

Стармер му честиташе на Ентони Албанезе за победата на изборите во Австралија

Стармер му честиташе на Ентони Албанезе за победата на изборите во Австралија

Лондон, 3 мај 2025 (МИА) - Британскиот премиер Кир Стармер му честиташе на австралискиот премиер и лидер на австралиската Лабуристичка партија, Ентони Албанезе, за неговата изборна победа и ги истакна „блиските врски“ меѓу Велика Британија и Австралија. 

Лидерот на британските лабуристи на социјалната мрежа „Икс“ објави дека „односите меѓу двете земји се поблиски од кога било“.

„Ќе продолжиме да работиме заедно на нашите заеднички амбиции за подобрување на животот на работниците во нашите две земји“, додаде Стармер. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан