• понеделник, 23 декември 2024

Стармер: Велика Британија гласаше за промени, довербата на граѓаните ќе ја вратиме со дела

Стармер: Велика Британија гласаше за промени, довербата на граѓаните ќе ја вратиме со дела

Лондон, 5 јули 2024 (МИА) - Новиот премиер на Велика Британија, Кир Стармер, денеска во своето прво обраќање на таа позиција рече дека земјата гласала за промени и дека недостигот на доверба кај граѓаните може да се врати само со дела, а не со зборови.

„Нашата земја гласаше за промени и политиката може да биде добра сила, што и ќе покажеме. На прво место е земјата, а на второ партијата“, рече новоименуваниот премиер во обраќањето до јавноста од Даунинг стрит, каде што е седиштето на британската Влада, пренесува Би-Би-Си.

Тој истакна дека е дојдено време за промени во земјата, но дека тоа не може да се случи преку ноќ. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан