• среда, 04 март 2026

Стари суви трупци го отежнуваат целосното локализирање на пожарот во Малешевијата, за 17 часот закажан состанок на Управувачкиот комитет

Стари суви трупци го отежнуваат целосното локализирање на пожарот во Малешевијата, за 17 часот закажан состанок на Управувачкиот комитет
Берово, 22 јули 2022 (МИА) - Пожарот што го зафати малешевскиот крај, на границата меѓу селата Митрашинци и Будинарци е делумно под контрола, а проблем за негово целосно локализирање е што гори во енклави, изјави Ѓорге Илиев кој со тим од подружницата на ДЗС- Гевгелија учествува во гасењето на пожарот. -Секој пожар и мал може да стане голем. Во моментов ние не можеме да дадеме никаква точна проценка, но сепак ние сме тука од раните утрински часови. Од Валандово тргнавме околу четири и пол сабајле, тука бевме околу 6, 7 часот. На теренот веќе бевме пристигнати, пожарот не е активен насекаде, но еве сами забележувате, гори во енклави. И сега се обидуваме тие енклави да ги спречиме, но многу е неблагодарно да прогнозираме дека пожарот е под контрола. Значи пожарот делумно е под контрола, локализиран. Но, сепак има такви енклави каде што се уште се шири пожарот, вели Илиев. Тој појаснува дека овој простор пред неколку години бил свлечиште, и внатре во самата шума има стари трупци, стари дрва кои се стогодишни со пречник од метар, до метар и половина, што се суви и сега горат. -Штом горат тие се стркалуваат и ни прават повторно проблем, трупецот излегува надвор од енклавата и прави повторно пожар. И затоа хеликоптерот ги гасеше тие енклави. Сега кога имаме линиски пожари, пожарот ни побегна од тие енклави, тука е авионот по тие линии да може да ни дозволи да се приближиме за да може полесно да го локализираме. Инаку, пожарот е делумно под контрола. Иако не е во целост линијата под контрола до вечер ќе се обидеме да го ставиме под контрола, но не ветуваме, вели Илиев. Во меѓувреме, за денеска во 17 часот е најавен состанок на Управувачкиот комитет, со кој раководи директорот на ЦУК Стојанче Ангелов на кој ќе присустуваат министрите за внатрешни работи Оливер Спасовски, за надворешни работи Бујар Османи, за транспорт и врски Благој Бочварски, за одбрана Славјанка Петровскаи и за здравство Беким Сали. Темата на состанокот ќе бидат пожарите и  предизвиците од нив во текот на летото на територијата на државата, но и како да се помогне и на соседните земји со капацитети и ресурси. вдј/вг/

Остани поврзан