Стапката на неврабоност во САД достигна 4,1 отсто, помалку вработени од очекуваното
- Според ревидираните податоци објевни денеска од америкаското Биро за труд, бројот на нови работни места во јануари изнесувал 125.000.

Вашингтон, 7 март 2025 (МИА) - Бројот на нововработени во економијата на САД, не вклучувајќи го земјоделскиот сектор, во февруари се зголемил за 151.000, но прогнозите биле бројката да достигне повеќе од 160.000, јавија дел од американските медиуми.
Според ревидираните податоци објевни денеска од америкаското Биро за труд, бројот на нови работни места во јануари изнесувал 125.000.
Стапката на невработеност е зголемена до 4,1 отсто, додека аналитичарите очекуваа дека ќе остане на нивото од 4,0 отсто.
Просечната плата по час во февруари се зголемила за 0,3 отсто на месечно ниво, во рамките на очекувањата. Според аналитичарите, кратењата на работните места во федералната влада, што започна по доаѓањето на Трамп на власт, се случило предоцна за да бидат опфатени во февруарските податоци.
Извештајот сепак покажува дека во февруари биле затворени 10.000 работни места во федералната влада, ревидираните податаци и последиците од од ова се очекуваат идниот месец. кб/