• петок, 26 април 2024

Стано: Заврши дијалогот помеѓу Србија и Косово во Охрид

Стано: Заврши дијалогот помеѓу Србија и Косово во Охрид

Охрид, 18 март 2023 (МИА) - Дијалогот на високо ниво помеѓу Косово и Србија што се одржуваше денеска во Охрид со посредство на ЕУ заврши, објави вечерва на Твитер портпаролот за надворешна политика на Европската комисија, Петер Стано. 

Тој посочува дека наскоро вискиот претставник за надворешпна и безбедносна поолитика и потпретседател на Еврокомисијата, Жозеп Борел ќе се обрати пред новинарите и ќе соопшти повеќе информации.

Се очекуваат и обраќања на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и на премиерот на Косово, Албин Курти. 

Денешните преговори меѓу Вучиќ и Курти со посредство на Борел и специјалниот претставник на ЕУ за дијалог Мирослав Лајчак траеја повеќе од 11 часа. 

Пред трилатералната средба, Борел и Лајчак одвоено разговараа со двајцата лидери. фф/аб/ 

Остани поврзан