• понеделник, 23 декември 2024

Стандард и Пурс го намали кредитниот рејтинг на Русија

Стандард и Пурс го намали кредитниот рејтинг на Русија
Њујорк, 18 март 2022 (МИА) - Агенцијата Стандард и Пурс го намали кредитниот рејтинг на Русија на ЦЦ од ЦЦЦ минус поради тешкотии со отплата на долгот поради меѓународните санкции. Агенцијата соопшти дека санкциите ги намалиле достапните девизни резерви на Русија и го ограничиле нејзиниот пристап до глобалниот финансиски систем. - Иако изјавите на руското Министерство за финансии сугерираат дека Владата во моментов сè уште се обидува да ги исплати сопствениците на обврзници, мислиме дека отплатата на долговите што доспеваат во следните неколку недели би можеле да се соочат со слични технички тешкотии, се наведува во соопштението на Стандард и Пурс. Додека агенцијата Фич и Мудис претходно изрази загриженост за способноста на Русија да ги исполни своите обврски и го намали кредитниот рејтинг на Русија за неколку степени. ми/

Остани поврзан