• сабота, 22 февруари 2025

Стагнација на германската индустрија во декември 2020 година

Стагнација на германската индустрија во декември 2020 година
Берлин, 8 февруари 2021 (МИА) - Статистичките податоци покажуваат стагнирање на германското индустриско производство во декември минатата година односно забележан е нулти раст на месечно ниво во однос на ноември кога имаше раст од 1,5 проценти. Според гермаснкиот Сојузен завод за статистика Дестатис стагнацијата се должи на ограничувањата во земјата и во странство воведени поради пандемијата со Ковид-19, што го забавија ориентираниот производствен сектоор во најголемата европска економија. Тоа е прва стагнација по раст од седум месеци по ред. ми/

Остани поврзан