• вторник, 17 декември 2024

Став на Партија на пензионери во врска со протестите на групи пензионери

Став на Партија на пензионери во врска со протестите на групи пензионери

Скопје, 6 август 2023

ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ, со внимание, ги проследи протестите на групи пензионери, особено во врска со искажаните заложби за враќање на начинот на усогласување на пензиите како во време на владеење на ВМРО –ДПМНЕ, поради што искажуваме загриженост дека оваа политичка партија повторно со манипулации се обидува да придобие наклоност неинформираните пензионери, во функција на нивната политичка агенда која не нуди никакви реални и поволни придобивки за пензионерите.

Партија на пензионери секогаш и со разбирање ги проследува иницијативите, кои доаѓаат од пензионерите, доколку се остварливи и се однесуваат на подобрување на материјалниот статус и економска сигурност на пензионерите.

Според нашите анализи, компарирани со решенија што се применуваат во пензиски системи слични на нашиот, сегашниот модел на усогласување на пензиите кој ги следи трошоците на живот и пораст на платите е најреален и најповолен за сите корисници за пензија, со забелешка дека треба да се изнајде поповолно решение за корисниците на минимални пензии.

Во функција на таа цел, фокусна група за ПП се корисниците на најниските пензии, поради што, во рамки на коалицијата поведовме иницијатива и отпочнавме разговори со Владата за донесување ново законско решение за утврдување на достоинствен износ на минимална пензија, која во дадените околности би обезбедила посигурен живот на корисниците, без притоа да ја загрози стабилноста на пензискиот систем и редовната исплата на пензиите.

Партија на пензионери, исто така, изготви и предлог на мерки за солидарна финансиска подршка на пензионерите со примања до просечна пензија, како решение кое би се применувало во сите случаи кога ќе биде загрозена егзистенцијаната стабилност на овие корисници на пензии.

Партија на пензионери, која посветено работи на изнаоѓање на решенија за овие прашања, апелира пензионерите да не наседнуваат на паушални и нереални иницијативи, зад кои всушност се затскриваат политички партии кои само сакаат да ги искористат маките на пензионерите за свои политички цели што немаат никаква поврзаност со пензионерите и нивните проблеми.

Партија на пензионери

________________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: Веб-страница на партијата

Остани поврзан