• понеделник, 23 декември 2024

Стабилна состојбата со откриениот случај на свинска чума кај индивидуално одгледувалиште во делчевското село Град 

Стабилна состојбата со откриениот случај на свинска чума кај индивидуално одгледувалиште во делчевското село Град 

Делчево, 28 ноември 2023 (МИА) - Состојбата со болеста африканска чума кај свињите која неодамна беше потврдена на индивидуално одгледувалиште во делчевското село Град е стабилна, информираа од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Во моментот како што се вели во информацијата оттаму нема нови жаришта.

-На последното жариште, каде беше евидентирано угинување на една единка кај која лабораториски беше потврдена болеста, спроведена е депопулација, чистење и дезинфекција, со тоа што на ова одгледувалиште еутаназирани се 21 свиња од различни категории, прецизираат од АХВ. 

Заштитните и контролните мерки, како што велат, се уште се на сила во воспоставените зони од 3 км (заштитна зона) и 10 км (зона под надзор) и се однесуваат само на последниот потврден случај.

Претходно воспоставените рестриктивни зони од 3 и 10 километри околу 15 жаришта на болеста во земјава беа укинати на 17 октомври годинава. 

Во 2023 година болеста африканска чума кај свињите потврдена е на 16 одгледувалишта. Угинати се 266 свињи, а еутаназирани се вкупно 9.204 единки. Нештетно се отстранети вкупно 9.570 свињи ( угинати и еутаназирани). вс/вј/

 

Фото: МИА (архива)

Остани поврзан