ССМ: Состојбата во „Еуроникел“ е алармантна, без работа може да останат 800 работници
- - Иднината на оваа компанија е неизвесна дотолку повеќе ако се знае дека во текот на вчерашниот ден генералниот директор на компанијата издал наредба за гаснење на печките. Ваквиот потег значи дека компанијата нема да работи и дека 800 вработени ќе останат без своите работни места, се вели во соопштението од ССМ и СИЕР.
Скопје, 18 октомври 2023 (МИА) - Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) и Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство (СИЕР) денеска изразија загриженост за состојбата во „Еуроникел“ Кавадарци.
- Иднината на оваа компанија е неизвесна дотолку повеќе ако се знае дека во текот на вчерашниот ден генералниот директор на компанијата издал наредба за гаснење на печките. Ваквиот потег значи дека компанијата нема да работи и дека 800 вработени ќе останат без своите работни места, се вели во соопштението од ССМ и СИЕР.
Оттаму велат дека работниците не се информирани од раководството за тоа што ќе се случува со компанијата што е спротивно на работничките права и меѓународните трудови стандарди.
Работниците и денеска одржаа предупредувачки собир пред компанијата. бак/нд/
Фото: МИА архива