• четврток, 19 декември 2024

ССМ: Платите во Национални шуми скалесто ќе растат согласно порастот на минималната плата

ССМ: Платите во Национални шуми скалесто ќе растат согласно порастот на минималната плата
Скопје, 16 март 2022 На покана на Претседателот на СГИП, Иван Пешевски,  се одржа состанок помеѓу членовите на  Синдикалната организација Национални шуми при СГИП и раководството на ЈП Национални шуми, Директорката Јулиана Николова на кој се дискутираше за актуелните проблеми и предизвици во ЈП Национални шуми. Претседателот на ССМ М-р Дарко Димовски ги поздрави присутните и истакна дека СГИП како дел од ССМ е едниствен репрезентативен синдикат кој преку социјален дијалог вложува максимални напори да се решат проблемите со кои се соочуваат работниците. Пешевски рече дека голем дел од проблемите со кои се соочуваат вработените во претпријатието се од финансиска природа и СГИП и ССМ како единствен репрезентативен синдикат стојат на располагање за побрзо да се надминат и решат истите со што би се направил и одреден притисок на Владата под чија закрила е претпријатието. На состанокот на кој членовите на синдикалниот одбор на Синдикалната организација во ЈП Национални шуми при СГИП од подружниците од градовите Скопје, Велес, Куманово, Гевгелилја, Виница, Радовиш, Делчево, Пехчево, Берово, Свети Николе, Кратово, Кавадарци, Битола, Струга, Демир Капија, Охрид, Ресен и др. за прв пат имаа можност на пет часовна средба да ги изнесат проблемите со кои се соочени работниците во ова јавно претпријатие во изминатиот период во смисла на ниските плати, нередовното исплаќање на платите и разликата на вредноста на бодот, исплатата на Додаток на плата за превоз за оддалеченост 30 км од местото на работа до местото на живеење и исплатата на додатоци на плата, недостатокот на лична заштитна опрема, проблемите со јавните набавки, немањето на средства за работа, условите при ангажманот на работниците за гасење на пожари и многу други прашања кои за жал во изминатиот период не биле адресирани од никого во претпријатието. Беше истакната и потребата од соодветно ангажирање на стручен кадар кој е неопходен за нормално и непречено фунционирање на претпријатието, како и потребата од трансформација на работниот однос од определено на неопределено работно време и распоредување на соодветни работни места согласно образованието на работниците како и дека во наредниот период оваа синдикална организација како единствен легитимен претставник на работниците мора да биде вклучена во постапката за реорганизација на претпријатието. Директорката Јулиана Николова се согласи дека најголемите проблемите се од финансиски аспект кои се таложени со години и сега се соочуваат со неодржливост на претпријатието за кое треба решение заедно да најдат решение во интерес пред се на работниците како и да се обезбеди одржливост на ЈП Национални шуми што е и главна заложба на работодавачот. Директорката наведе дека од кога таа е на позицијата директор,  во изминатата година се случило само  1 месец да се задоцни со исплата на платите на вработените, а за причините беше вклучен и информиран и синдикатот. Истакна дека приоритет на претпријатието е редовно да се исплаќаат платите и затоа не се исплаќаат јубилејните награди, а како најголем проблем за исплата на платитите е тоа што заради долгови од предходни години спрема УЈП, истата спроведува извршување од сметката на Национални шуми со што се доведува во прашање редовната исплата на платите. Претседателот на СГИП Пешевски истакна дека заедно со ССМ стојат на располагање оваа проблематика да биде надмината, а за што може да се обезбеди средба и во Владата и со Управата за јавни приходи. Во следните денови СГИП и ЈП Национални шуми заедно ќе работат на изнаоѓање на одржлив модел за зголемување на платите на сите работници во претпријатието за тоа да се случи што поскоро. СОЈУЗ НА СИНДИКАТИ НА МАКЕДОНИЈА _________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан