• петок, 22 ноември 2024

ССМ: Закажана итна седница на УО на скопски „Водовод“ за отказот на претседателот на СО на СУТКОЗ

ССМ: Закажана итна седница на УО на скопски „Водовод“ за отказот на претседателот на СО на СУТКОЗ
Скопје, 14 ноември 2022 (МИА) - На барање на Синдикатот на работниците од угостителството, туризмот, комунално-станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва (СУТКОЗ) при Сојуз на синдикатите на  Македонија (ССМ), Управниот одбор на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје утре ќе одржи итна седница во врска со отказот на претседателот на Синдикалната организација на СУТКОЗ. Од ССМ велат дека отказот даден од страна на в.д. директорот на претпријатието, Марјанче Митовски, е противзаконски. - Управниот одбор во текот на утрешниот ден со почеток во 13 часот ќе одржи итна седница на која ќе се разгледува приговорот поднесен од Стојанче Кашиковски против незаконското Решение за изрекување на дисциплинска мерка - престанок на работниот однос, донесено од в.д директорот Марјанче Митовски, се вели во соопштението на ССМ. Според ССМ, Митовски дал отказ на претседател на синдикат спротивно на Законот и Колективниот договор, за период кога истиот користел право на годишен одмор од кое работникот согласно Уставот не смее да се откаже, кога во претпријатието токму заради ваквиот однос на в.д директорот Митовски се спроведува законската процедура за организирање на штрајк и кога веќе е определен овластен помирувач од страна на Министерството за труд и социјална политика. сх/сп/

Остани поврзан