• петок, 13 март 2026

Срцето на Ново Лисиче добива нов лик

Срцето на Ново Лисиче добива нов лик

13 март 2026

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска изврши увид во градежните активности за реконструкција на јавните и пешачките површини во средишниот дел на Ново Лисиче, кај кулите меѓу зградите 39, 41 и 43.

Старите и дотраени плочки се заменуваат со нови павер-елементи, со што просторот добива уреден изглед и повторно станува безбеден за движење на граѓаните.

Со реконструкцијата се обновуваат околу 2.500 м² простор што секојдневно го користат жителите, создавајќи поуредена и пофункционална околина за сите.
Проектот се реализира со поддршка од Владата и е во вредност од над 8,2 милиони денари.


Општина Аеродром

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан