Српски медиуми: Митинг на Движењето за Србија и народот од 11 до 13 април пред Парламентот во Белград
- Митингот на „Движењето за народот и државата“, на иницијатива на претседателот Александар Вучиќ, ќе се одржи од 11 до 13 април на платото пред Домот на Народното собрание на Србија во Белград, објавија Новости. Според весникот, собирот е веќе пријавен во полиција.

Белград, 27 март 2025 (МИА) - Митингот на „Движењето за народот и државата“, на иницијатива на претседателот Александар Вучиќ, ќе се одржи од 11 до 13 април на платото пред Народното собрание на Србија во Белград, објавија Новости.
Според весникот, собирот е веќе пријавен во полиција.
Се додава дека за време на конференцијата ќе бидат организирани „голем број настани и активности“, јави МИА од Белград.
Вучиќ претходно најави дека митингот ќе се одржи на 28 март или 4 април и дека ќе биде „најголем во историјата“ на Србија.
Во Белград во неделата се одржа првиот состанок на иницијативниот одбор за формирање на тоа движење при што по средбата Вучичќ изјави дека е време да се артикулира големата сила на народот и да се обедини сета интелигенција и патриотизам за да се обликува иднината. зш/
фото МИА