Српскиот шеф на дипломатијата од сабота во посета на Кина
- Српскиот министер за надворешни работи Марко Ѓуриќ од сабота ќе биде во посета на Кина, на покана на министерот за надворешни работи на таа земја Ванг Ји

Белград, 19 декември 2024 (МИА) - Српскиот министер за надворешни работи Марко Ѓуриќ од сабота ќе биде во посета на Кина, на покана на министерот за надворешни работи на таа земја Ванг Ји, соопштено е во Белград и Пекинг, пренесе Бета.
За време на посетата на Кина, Ѓуриќ освен со Ванг Ји, ќе разговара и со други официјални лица.
Не беа објавени други детали. зш/